Денес децата се изложени на употреба на дигиталните уреди уште од најрано детство

January 8, 2023

Всушност за новите генерации зборуваме како да се ‘’родени дигитализирани’’, а името означува еден вид природна врска со децата кои припаѓаат на новата технолошка генерација. Децата многу лесно се навикнуваат на употребата на дигиталните алатки: fпочнувачјќи од првите интерактивни игри на екранот па запознавање со опциите на мобилните телефони, паметните телефони и таблети уште пред почеток на периодот на школување, често започнувајќи на возраст од 4 години. Ова однесување не се смета за негативна отстапка што се стекнува во дигитализирано општество,туку за прилично нормална реакција на едно дете, кое природно ги имитира постапките и однесувањето на своите родители.

Природниот и брз пристап кон технолошките уреди се всушност чекор напредThe natural and fast approach to technological devices takes place in reality for a straightforward reason. Екраните, дисплеји и особено екраните на допир се алатки кои овозможуваат да се спречи јазичната бариера и потешкотиите при изговор со пишани зборови и букви.

Искуствата поврзани со поттикнување на интелигенцијата кај децата се многу различни од оние во минатото и се базирани на многу брзи методи за учење.Интуитивниот пристап со кој децата пристапуваат и се користат со дигиталните алатки е главната причина за брзорастечката употреба на дигиталните платформи за учење и настава. Дигиталните алатки се оспособени за едноставна и дирекна комуникација со новата генерација на деца и од тие причини се користат се повеќе во училиштата и во сите средини за учење.

Која е улогата на родителите во дигиталната настава и учење?

Како родители не треба да се плашите да изберете учење со дигитални алатки за своите деца туку подобро да се фокусирате како правилно да ги користите; децата и младите инстинктивно знаат како да пристапат кон новите образовни средства кога се добро упатени од возрасните, на најконструктивен начин. Оваа технологија може да го направи учењето дома и на училиште многу попродуктивно поради способноста да го смени моментот со домашни задачи и учење во нови можности за раст и развој на позабавен начин. Секојдневната употреба на дигиталните алатки од страна на најмалите може да биде помалку страшна и да предизвика загриженост кај родителите.Ова е совршено нормално. Како и да е, запомнете дека има голема разлика помеѓу секојдневната употреба на дигиталните алатки за учење и употреба на истите само за да се помине време  или од досада, како и разлика помеѓу секојдневната употреба и измерената потребна употреба  на алатки и платформи за образовни цели. Децата и технологијата можат спокојно да коегзистираат, под водство на родители што знаат да им покажат како овие ресурси се користат законски и како конструктивно да црпат податоци од многуте можности кои ги нудат.  

 Нудењето на дигитални образовни алатки на децата за помош при самостојно  учење всушност ќе им овозможи да:

  • Ги организираат училишните обврски слободно и самостојно;
  • Да работат во континуитет на училишната програма, која се случува во самата училница;
  • Научат да ги препознаат јаките и слабите страни, како и да работат да ги подобрат;
  • Развијат системи и да се запознаат со методи наменети за нивните потреби и лични особини.

Колку повеќе ги навикнуваме децата да ги видат поволностите од употребата на многу образовни можности кои денес се нудат на дигитални платформи на безбеден начин, толку повеќе ќе им помогне да ја разберат разликата помеѓу штетно однесување и злоупотреба на технологијата.Свеста и чувството на одговорност се клучот кој ќе овозможи нашите деца да пораснат: хумано, интелектуално и академски.

Coordination

Partners

© 2023 Dream. All rights reserved.