ВЕБ алатките 2.0 се одлични средства за работа наменети за секој наставник. Во оваа ера на технолошки развој, важно е наставниците да ги користат сите достапни извори за учење за да допрат и да ги ангажираат своите ученици.
Употребата на дигиталните алатки во училница може да има големи придобивки за тебе како наставник при остварување на поставените цели, а и да ја подобрат способноста за учење кај учениците. По пандемијата со Ковид 19 ВЕБ алатките станаа покористени во секоја училница, но и во секој дом. Како и да е, подготовката на наставен план со дигитализација сеуште претставува проблем за наставници кои не се доволно сигурни во своите дигитални вештини. Но, добри вести се на повидок овие алатки се дизајнирани исклучително да се лесно – корисни. Дури и новите корисници можат да ги усовршат.
Токму затоа со проектот ДРЕАМ работиме кон остварување на посебни цели,т.е.да се помогне на наставниците кои се соочуваат со прашања кои произлегле изминативе 2 пандемски години.
Што повеќе можеме да направиме за учењето на далечина кое навлезе во нашето секојдневие за време на пандемијата?
Како да им понудиме подобар и корисен систем на нашите ученици?
Како овој систем кој навлезе длабоко во нашите животи да го направиме лесно разбирлив?
Како да ја направиме употребата на технолошките средства вообичаена?
Како да ги подобриме дигиталните компетенции, да го зголемиме потенцијалот на учењето на далечина и како да направиме споредба преку мерење на учењето на далечина во различни држави?
Зошто дигитализацијата е важна во учењето на далечина?
Нашите ученици сакаат да учат, да пишуваат домашни задачи и да играат онлајн игри со помош на дигиталните алатки кои ги употребуваат во скоро сите области. Поради тоа создадена е една среќна и удобна средина за учење, која го олеснува учење.
Во таа насока, нашиот проект ДРЕАМ им нуди на нашите ученици многу повеќе забава и современа средина за учење надополнета со употреба на ВЕБ 2.0 алатките, за кои бевме обучени во рамките на овој проект за време на периодот на учење на далечина. Исто така придонесуваме во целиот процес преку дисеминација на системот со обуките кои ги држиме на наставниците во различни училишта.
Ве каниме да го следите развојот на проектот на нашата ВЕБ страна како и на социјалните мрежи
Facebook