Пандемијата не затекна сите нас неподготвени, без никакви планови, избор, решение

March 6, 2023

Образованието беше засегнато негативно од сето тоа. Но, сите се заложивме да дадеме најмногу што можеме за ефикасно да се справиме со ситуацијата.Наставниците вложија труд да ги организираат часовите онлајн и да продолжат со наставниот процес во различни формати.Образовните институти и Владата се обидоа да го осигураат текот на наставниот процес за да не биде целосно прекинат.Родителите им помагаа на своите деца од дома при наставата учење на далечина, како и со домашните задачи.

Сега во слични кризни ситуации сите би требало да имаме план за да одговориме на прашањата:

  •  Што треба да направат образовните институции?
  • Што треба да прават сите јавни установи?
  • Што треба наставниците да прават?
  •  Кои технолошки средства треба да се употребат?
  • Кои стратегии и насоки се ефективни?
  • Како може да им се помогне на учениците?

Како може да се помогне на учениците кои учат од дома?

Проектот ‘’Distance & Remote Education to Achieve More’’ (DREAM) или ‘’Учење на далечина за да постигнеме повеќе’’  ќе ви помогне да одговорите на дел од прашањата.  

Создадена е офлајн платформа каде можете да пронајдете 120 планови за час и уште 120 видео часови креирани од 72 наставници од сите партнер држави кои беа обучени за подобрување на дигиталните вештини преку употреба на дигитални алатки, достапни на овие јазици:англиски,француски,италијански,албански,турски,македонски,полски и португалски. Овие материјали можат да ги употребуваат наставниците за да си ги организираат своите онлајн часови и за време на кризни ситуации како онаа со пандемијата. Видеата и подготовките за часови ги опфаќаат сите предмети и можат да се употрубуваат од страна на наставниците во насока на пронаоѓање на релевантни содржини, идеи и инспирација за да создадат свои видео содржини и да го објаснат новиот концепт на учениците од основните и средните училишта. Содржините можат да се употребуваат и од страна на родителите исто така. Постојат видео-водичи достапни на платформата за начинот на користење на различните дигитални алатки и тоа за следните: ANIMAKER, BOOK CREATOR, CANVA, EDPUZZLE, GENIALLY и KAHOOT кои се достапни на нашата вебстрана.

DREAM проектот не само што ги зел во предвид трите страни во образовниот процес или триаголникот наставник-ученик-родител, туку и јавните установи и Локалната самоуправа. На платформата ќе пронајдете статии со препораки за тоа како Општината може да помогне во подобрување на образовниот процес со акцент на учениците кои живеат подалеку или во рурални средини или во создавање на соодветен простор за учење како придобивка за учениците и целиот процес.

Исто така тука ќе пронајдете информација како да ја подигнете свеста кај наставниците, родителите и локалната самоуправа за важноста на социоемоционалниот и психолошкиот аспект при учење на далечина како и намалување на одливот или рано отпишување на ученици од училиштата.Можете да не следите на нашата вебстрана www.dreamdream.eu преку публикации  на сите гореспоменати јазици и тоа со повеќе информации и насоки, а со цел како да го олесниме наставниот процес.

Coordination

Partners

© 2023 Dream. All rights reserved.