Предизвици при изборот на соодветна дигитална алатка за образовни потреби

April 15, 2023

Една од целите на проектот DREAM е да им помогне на наставниците да се соочат со некои предизвици предизвикани од промената во поставеноста на наставата и учењето што се случи за време на пандемијата со COVID-19, при што часовите со физичко присуство станаа онлајн часови. Сега кога пандемијата заврши, нема враќање назад за употребата на дигитални алатки во училницата. Учениците се воспитуваат во технолошка ера и наставниците мора да го зборуваат нивниот „јазик“ и тоа преку употреба на ИТ технологии за да ги вклучат во процесот на учење, а овие алатки можат да бидат одличен начин за мотивирање на учениците и зајакнување на нивната автономија. Но, учениците се уморни од користење на истите игри или платформи по некое време, затоа разновидноста е императив, и ова може да биде огромен предизвик за наставниците кои се борат да ги најдат вистинските алатки за своите ученици.

Наставниците треба да направат онлајн истражување, треба да разберат како функционираат алатките и да станат вешти во нивното користење за  да подготват содржини, што всушност одзема многу време, особено поради огромната разновидност на ресурси и брзината со која се создаваат од страна на програмерите.

Добра стратегија може да биде да се создадат неколку категории за алатките според видот на работата што треба да се развие, на пример: видеа, презентации, оценување и како да се организира учењето, а секогаш кога наставниците откриваат нова алатка, тие можат да ги додаваат во списокот и на тој начин да водат евиденција за она што го имаат на располагање.

Кога размислуваме за оценувањето, кое е секогаш чувствителна тема за учениците, родителите и наставниците, постојат голем број алатки кои можат да се користат за оценување и кои ќе го претворат процесот во позабавен и помалку стресен за учениците. Може да се користат во училница или дома, со наставникот или родителите или самостојно од учениците, за формални начини на оценување или само за проверка на напредокот или како оценување маскирано во натпревар со учество на целото одделение.

Како што споменавме, огромниот број на дигитални алатки за образовни цели достапни во денешно време може да биде проблем за наставниците поради фактот што процесот на идентификување на ресурсите, учење како тие работат и подготовка на содржина за употреба одзема многу време и  затоа нашиот проект разви еден збир на видео упатства посветени на алатките како Animaker, Book Creator, Canva, Ed Puzzle, Genially и Kahoot кои имаат можности да помогнат на наставниците за да ги надминат почетните пречки.

Ова се само неколку примери од многуте ресурси кои се достапни во денешно време и кои можат да бидат многу корисни за да ги направат часовите подинамични, учениците да бидат поангажирани во активностите и кои можат да придонесат за добро избалансирана  настава и средина за учење.

Coordination

Partners

© 2023 Dream. All rights reserved.